Компјутерите не работат ништо без некој да им каже што да прават. За компјутерот да направи нешто, мора да му се дадат инструкции – чекор по чекор.
Програма претставува множество (низа, листа) од инструкции за решавање на одреден проблем со компјутер.
За да работат компјутерите потребни се програми. Програмите се напишани на јазици кои се специјално дизајнирани, со ограничено множество на инструкции. Овие јазици се наречени програмски јазици.
Програмски јазик е вештачки јазик и се користи за пишување програми, односно софтверот на компјутерот.
Компјутерско програмирање се дефинира како процес на создавање на компјутерска програма со користење на програмски јазик.
Луѓето кои ги креираат (пишуваат) компјутерските програми се викат програмери.
Во почетокот програмските јазици личеле и по логиката на програмирањето биле слични со ма шинскиот јазик (машинскиот јазик се состои од наредби кои се изразуваат само со нули и единици т.е. само со бинарни цифри). Наместо да се учи мајчиниот јазик на компјутерот (машински јазик), развиени се виши програмски јазици кои имаат приказ на наредби слични на секојдневниот јазик.
Пример: C++, PHP, Visual Basic, Java, Javascript, Python и др.,
Игра -ОТКРИЈ ГО ИМЕТО НА ПРОГРАМСКИОТ ЈАЗИК https://learningapps.org/view33712677