Податоци се сите зборови, броеви, слики, звуци и слично, кои сами за себе немаат никакво значење.
На пример: 5, -15, Битола, 05.09.2025г., Ѓорѓи Сугарев, компјутер, ученик, итн.
Кога на податоците ќе им се зададе некакво логично значење стануваат информација.
Примери:
Број 85 (податок).
Во 6то одделение во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ учат 85 ученици (информација)
Број 12 (податок).
Ана има 12 години (информација)
збор Битола ( податок )
Умут живее во Битола (информација).
Информатиката е наука која ги проучува информациите и нивното добивање од податоците, со помош на компјутер.
No comments:
Post a Comment