Sunday, October 12, 2025

УЧЕНИЧКИ ТРУДОВИ

 Учениците покажаа извонредна креативност и имагинација во изработката на своите 3D модели! 🌟Успешно ја применуваат својата фантазија и техничка умешност во програма SketchUp – создавајќи куќи, замоци, фонтани и модерни објекти со различни форми и бои.Нивните модели се оригинални, детални и покажуваат одлично чувство за простор и дизајн. Браво за трудот, упорноста и креативниот пристап – вистински млади архитекти во најава! 🏠🎨👏


Saturday, September 13, 2025

ХАРДВЕР

  Компјутерскиот систем е составен од два дела: 

                 ХАРДВЕР -машински дел на копмјутерот (деловите) и

                 СОФТВЕР - програмски дел на компјутерот (програмите)

ПЕРИФЕРНИ ЕДИНИЦИ              КУЌИШТЕ                     МЕМОРИСКИ УРЕДИ

ВЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ                      Матична плоча                     Хард диск

  • тастатура                                Процесор                                CD / DVD
  • глувче                                     RAM меморија                      USB мем.стикче
  • микрофон                              RОM меморија
  • камера
  • скенер

ИЗЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ

  • монитор
  • печатач
  • звучник
  • плотер








Saturday, September 6, 2025

Основни поими во информатиката

 Податоци се сите  зборови, броеви, слики, звуци и слично, кои сами за себе немаат никакво значење. 

На пример: 5, -15, Битола, 05.09.2025г., Ѓорѓи Сугарев,  компјутер, ученик, итн.

Кога на податоците ќе им се зададе некакво логично значење стануваат информација.

Примери: 

    Број 85 (податок).

    Во 6то одделение во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ учат 85 ученици (информација)

    Број 12 (податок).

    Ана има 12 години (информација)

    збор Битола ( податок )

    Умут живее во Битола (информација).

Информатиката е наука која ги проучува информациите и нивното добивање од податоците, со помош на компјутер.

Едукативна игра

Tuesday, June 7, 2022

Ден на планетата Земја

 Учениците од 7мо одделение од нашето училиште на 7ми Јуни 2022 зедоа учество на едукативна работилница во Националниот Парк Пелистер со цел одбележување на 5ти Јуни Денот на планетата Земја.

Повеќе...