Saturday, September 6, 2025

Основни поими во информатиката

 Податоци се сите  зборови, броеви, слики, звуци и слично, кои сами за себе немаат никакво значење. 

На пример: 5, -15, Битола, 05.09.2025г., Ѓорѓи Сугарев,  компјутер, ученик, итн.

Кога на податоците ќе им се зададе некакво логично значење стануваат информација.

Примери: 

    Број 85 (податок).

    Во 6то одделение во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ учат 85 ученици (информација)

    Број 12 (податок).

    Ана има 12 години (информација)

    збор Битола ( податок )

    Умут живее во Битола (информација).

Информатиката е наука која ги проучува информациите и нивното добивање од податоците, со помош на компјутер.

Едукативна игра

No comments:

Post a Comment